КОЈ ЌЕ СЕ СМЕСТИ ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ? Проверете дали сте на листите
Приговори по однос на резултатите се доставуваат до МОН заклучно со 8 октомври 2021 година.
Резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од прва година на студии, а кои аплицирале за сместување во капацитетите во Скопје се објавени.
Министерството за образование и наука информира дека студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, —
Дополнуваат дека листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени во понеделник, 4 октомври 2021 година.