KOЈ ЌЕ СЕ НАФАТИ ДА ГО БРАНИ ШТЕКЛИ? Трајковски вработува професионално обезбедување, еве колку плаќа
Според тоа што Штекли го напиша на своето „стори“, тој бара четворица обезбедувачи кои мора да имаат воено или полициско искуство и да поседуваат дозвола за оружје.
Раде Трајковски Штекли објави оглас за работа на неговиот профил на Инстаграм.
- ЕКСПЛОДИРАШЕ БОМБА ВО ДВОРОТ НА РАДЕ ШТЕКЛИ Трајковски е повреден при експлозијата
- 🎥 ЕКСКЛУЗИВНА СНИМКА ОД ДВОРОТ НА РАДЕ ШТЕКЛИ Ова е моментот кога експлодирала бомбата
Според тоа што го напиша на своето „стори“, тој бара четворица обезбедувачи кои мора да имаат воено или полициско искуство и да поседуваат дозвола за оружје. За работата, наведува тој, ќе им плати 3.000 евра и дополнително трошоци за јадење и за пат.
Не се пресудни етничката припадност ниту, пак, полот.
„Почитувани, барам професионално обезбедување за мене. Потребни се четворица, морално воено или полициско искуство, да поседува дозвола за оружје, плата 3.000 евра (и покриено трошоци за јадење и пат). Може од секоја етничка припадност и пол“, се вели во неговата објава.
Штекли неодамна повторно беше мета на напад, кога во дворот на неговиот дом во Ќерамидница беше фрлена бомба. Трајковски и при тој напад се спаси и помина со полесни повреди. Претходно, двапати во беше пукано во него, во Трговскиот центар Ист гејт.
Штекли се поврзува со подземјето, а нападите се поврзуваат со предупредување од криминалните кругови, особено од новокомпонираната група „Барон”, со која во последно време се поврзуваат нови структури во скопското подземје.