Кој ќе победи во Флорида, тој ќе биде претседател на САД

Според просекот од спроведените анкети анализиран од Real Clear Politics, Трамп заостанува зад Бајден во Мичиген, Пенсилванија и во Висконсин, додека двајцата кандидати се изедначени во Флорида и во Северна Каролина, пишува Гласот на Америка. Трамп уверува дека располага со поинакви бројки.

1,811

На неколку денови пред претседателските избори Доналд Трамп и Џо Бајден ја фокусираат кампањата во југоисточната сојузна држава Флорида, јави Гласот на Америка.

Во сите изборни циклуси од 1996 година наваму, тој што победил во Флорида победил и на изборите. Оваа сојузна држава дава 29 од 270 електори потребни за победа на претседателските избори.






Според просекот од спроведените анкети анализиран од Real Clear Politics, Трамп заостанува зад Бајден во Мичиген, Пенсилванија и во Висконсин, додека двајцата кандидати се изедначени во Флорида и Северна Каролина.

Трамп во средата изрази сомнеж за анкетите и пред новинарите во Лас Вегас рече дека неговите бројки во клучните сојузни држави се подобри од она што се прикажува.

Анкетите на национално ниво покажуваат дека Бајден има предност пред Трамп од 7 до 8 процентни поени, но оваа маргина е двојно помала во клучните сојузни држави кои веројатно ќе го одредат победникот.

Над 71 милион луѓе веќе гласале, на пет дена од официјалниот изборен ден. Околу две третини од овие гласови се испратени по пошта, а останатите се дадени лично онаму каде гласачките места се веќе отворени.

Експертите велат дека излезноста на овие избори може да биде највисока од 1908 година, кога на гласање излегле 65% од граѓаните.

Поврзани содржини