КОЈ Е ПАТОТ ДО ЗЛАТНА ВИЗА ВО ДУБАИ? Заев и Филипче велеа дека ја спасуваат Македонија, а тие ги спасувале милионите, реагираше ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ е синоним за криминал, неспособност и предавства, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

809

Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДСМ да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви? Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи? Колку милиони чини и на кој начин се стекнати? Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозицијата и привремен чувар на местото претседател на СДСМ, Венко Филипче. Дали Венко Филипче поседува виза за Дубаи? На кој начин ја стекна, имајќи во предвид дека цел живот е на административна плата без ден работен стаж во приватен бизнис? Додека велеа дека ја спасувале Македонија, тие ги спасувале милионите. СДСМ е синоним за криминал, неспособност и предавства“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини