📷 „КОЈ Е ОВОЈ ВИСОКИОТ? СПИЕШЕ КАЈ НАС ВО ХОТЕЛ“ Газдарица во Италија го смести Јокиќ, па му испрати фотка на маж ѝ

Информацијата ја објавија италијанските медиуми, пренесувајќи анегдота која ја раскажал Алесандро Запароли, анестезиолог и менаџер на хотелот. Тој ја опиша случката како „кратка, смешна и тажна“.

1,528

Трикратниот МВП на НБА лигата и суперѕвезда на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, неодамна поминал една ноќ во италијанскиот град Ферара, а интересно е што жената во чиј мал хотел престојувал воопшто не знаела кој е тој.

Информацијата ја објавија италијанските медиуми, пренесувајќи анегдота која ја раскажал Алесандро Запароли, анестезиолог и менаџер на хотелот. Тој ја опиша случката како „кратка, смешна и тажна“.






– Мојата сопруга има мало сместување во Ферара. Еден ден ми испрати фотографија од многу висок човек кој престојувал таму, велејќи: „Синоќа, еден навистина висок човек престојуваше овде, кој дојде да види некои коњи. Сега си замина. Го замолив да се фотографираме за да ти го покажам“. Ми ја испрати фотографијата и ме праша: „Го препознаваш ли?“ – раскажува Запароли.

Потоа ѝ одговорил:

„Тоа е Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар на светот!“

 

Разочаран, објаснил дека тој и неговата сопруга несвесно угостиле една од најголемите спортски ѕвезди во светот, а тој самиот немал можност да го запознае лично. Според него, гостувањето на Јокиќ било поврзано со љубовта кон коњите, бидејќи и претходно ја посетувал оваа локација.

Италијанските извори потврдуваат дека ова не е прв пат Јокиќ да престојува во Ферара, последен пат го направил тоа пред четири години, кога заедно со татко му ги посетиле шталите во околината.

Љубовта на Јокиќ кон коњите одамна не е тајна, а тој редовно ги користи летните паузи за да се повлече од јавниот живот и да ужива во едноставни моменти далеку од кошаркарската слава.

Ова не е првпат луѓето да не го препознаат Јокиќ. Пред две години, слична ситуација се случила во Босна и Херцеговина, каде во локална продавница купувал пиво, а продавачката не знаела кој е. Со својата скромност и оддалеченост од гламурот, Јокиќ уште еднаш потврдува зошто е омилен не само како кошаркар, туку и како човек.

 

Поврзани содржини