ШТО ЗНАЕМЕ ЗА ИСЛАМСКИ ЏИХАД? Израел објави нови видеа и ја обвини групата за нападот врз болницата во Газа
Исламскиот џихад соработува со Хамас за лансирање ракети во Израел. Но, за разлика од Хамас, Исламскиот џихад не врши никаква форма на социјални услуги во Газа, ниту има намера да се бори за политички функции или да отвори дипломатски канали со Израел. Групата е одговорна за неколку самоубиствени напади во Израел од доцните 1980-ти години до денес. Во непроверена снимка која ја објавија Израелските одбранбени сили, наводно двајца оперативци на Хамас признаваат дека ракетата која удри врз болницата во Газа можеби припаѓа палестинските сили. Истрагата за нападот продолжува.
Исламски џихад, милитантната организација за која Израелските одбранбени сили тврдат дека стои зад нападот на стотици лица во болницата Ал Ахли во Газа, ги отфрли наводите дека било како е поврзана со настанот кој ја разбранува светската јавност.
Што знаеме за оваа палестинска организација, која иако е помала од Хамас, беше прогласена за терористичка од САД и од западните земји? Ројтерс пишува дека внатре во групата членуваат од илјада до неколку илјади луѓе, според последните проценки на ЦИА од 2021 година. По Хамас, групата ја држи втората по големина енклава во Појасот Газа.
Исламскиот џихад соработува со Хамас за лансирање ракети во Израел. Но, групата во повеќето случаи дејствува независно, Исто така, за разлика од Хамас, Исламскиот џихад не врши никаква форма на социјални услуги во Газа, ниту има намера да се бори за политички функции или да отвори дипломатски канали со Израел. Групата има и значаен арсенал на ракети, минофрлачи и противтенковски ракети. Но, точните бројки не им се познати на западните служби, а групата ретко објавува информации во јавноста.
Модус операнди на Исламскиот џихад се самоубиствените бомбашки напади насочени кон израелски цивили и воен персонал. Од 1987 година до денес тие стојат зад неколку вакви напади во кои загинале десетици луѓе, а повредени биле над 100. Меѓу нападите е и оној во трговскиот центар во Тел Авив ви 1996 година. Во 1995 еден од основачите, Фати Шикаки, беше убиен на Малта, а се смета дека го убиле израелски агенти. Основањето на групата е во доцните 1970-ти кога двајца студенти од Египет, незадоволи од Палестинската ослободителна орагнизација на Јасер Арафат решаваат да основаат нова група чија цел е да го уништи Израел и да ја основа Палестинската држава, онаква каква што изгледала под британскиот мандат, што ќе рече, пред 1948 година.
Ракетата дојде од Газа или надвор од Газа?
Додека светот го осуди страшниот напад врз болницата во Газа, Израел и Палестина си ја префрлаат топката за нападот. На социјалната мрежа Икс се споделуваат разни видеа за тоа чија ракета го погоди објектот. Нивната автентичност не е потврдена. Се споделува и видео од израелскиот новинар Охад Хемо кој, како што се коментира, на ТВ јавно признава дека Израел бил одговорен за нападот.
🇵🇸🇮🇱‼️🚨 BREAKING: Israeli Channel 12 admits it was an Israeli airstrike on the hospital!
Ohad Hemo, Israeli TV’s Palestinian Affairs reporter, admits Israel is responsible for last night’s bombing of the BaptistHospital in Gaza resulting in hundreds of civilian casualties. pic.twitter.com/WTq0WLs4px
— Lord Bebo (@MyLordBebo) October 18, 2023
Каналот 12 од Израел објави снимка на социјалната мрежа Икс на која наводно се гледа дека ракетата која ја погоди болницата во Газа доаѓа внатре од Газа, со што, пак, се вели дека видеото оди во прилог на тезата на Израелските одбранбени сили дека ракетата била испукана од палестинските сили.
Channel 12 provides a new video of the hospital strike in Gaza pic.twitter.com/3DZqznIjnn
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 18, 2023
Израелските одбранбени сили исто така на социјалните мрежи објавија видео од безбедносните камери во Нетив Хаасара на кое, според нив, се гледа како голем бараж на ракети бидуваат истрелани од северна Газа, а една од нив, неуспешно лансирана, завршува во Појасот, односно врз болницата.
Surveillance camera footage from Netiv Haasara shows a large barrage of rockets being launched from northern Gaza, followed by a massive blast in the Strip, apparently caused by a failed projectile. pic.twitter.com/PdNCbks02r
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) October 17, 2023
Израелската војска соопшти дека терористичките организации со седиште во Газа истрелуваат ракети неселективно кон Израел и околу 450 ракети лансирани кон Израел паднале во Газа од почетокот на војната на 7 октомври, „загрозувајќи ги и нанесувајќи им штета на животите на жителите на Газа“.
Двајца оперативци на Хамас признаа дека ракетата била истрелана од Газа?
Њузвик напиша дека на снимка која ја споделиле ИДФ, Израелските одбранбени сили, сугерира дека двајца оперативци на Хамас неформално признаваат дека ракетата која паднала врз болницата „личи на ракета на Исламски Џихад“. Во наводниот разговор, чија автентичност Њузвик не може да ја потврди, едниот од оперативците го коментира нападот:
Islamic Jihad struck a Hospital in Gaza—the IDF did not.
Listen to the terrorists as they realize this themselves: pic.twitter.com/u7WyU8Rxwz
— Israel Defense Forces (@IDF) October 18, 2023
– Ви велам, ова е првпат да видиме како оваа ракета паѓа и затоа велиме дека му припаѓа на палестинскиот исламски џихад – вели оперативецот.
Другиот одговара:
– Што?
Првиот вели:
– …тие велат дека (проектилот) му припаѓа на палестинскиот исламски џихад. Од нас е?
– Изгледа како да е така – му одговара вториот.
– Кој го вели ова? – сега прашува првиот оперативец.
Вториот му одговара дека шрапнелите од проектилот „се локални шрапнели, а не како израелските шрапнели“.
– Што велиш? – пак прашува едниот од нив.
Другиот тогаш почнува да објаснува како проектилот бил истрелан од гробиштата од зад болницата „и дека не испукал и паднал врз нив“.
„Се чини дека тоа го направи другиот тим“
Непознаницата околу тоа чија ракета падна врз болницата останува неразрешена. Додека Израел и Палестина си ја префрлаат топката, повеќе челници од меѓународната јавност ја осудија постапката како злосторнички чин и масакр.
Говорејќи на прес-конференцијата во Тел Авив со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата наутро, американскиот претседател Џо Бајден рече дека е „длабоко тажен и огорчен“ од експлозијата.
– Врз основа на она што го видов, се чини дека тоа го направил другиот тим, а не вие – му рече тој на Нетанјаху, иако признава дека многу луѓе „не биле сигурни“ за тоа чија била ракетата.
САД воведоа санкции што имаат за цел да го прекратат финансирањето на Хамас, а се насочени, меѓу другото, кон „тајното инвестициско портфолио на Хамас“, изјави државниот секретар за финансии, Џенет Јелен.
Израел денеска се согласи да не ја спречува хуманитарната помош за Појасот Газа преку границата со Египет, но израелскиот премиер Нетанјаху на Бајден му рекол и дека Израел нема да дозволи помош да стигнува од територијата на Израел сè додека не бидат ослободени заложниците кои ги држи Хамас.
Претходно, САД во Обединетите Нации ставија вето на нацрт-резолуцијата со која требаше да се стави прекин на огнот и да се овозможи проток на хуманитарната помош и ослободување на заложниците. Образложение за ветото беше дека во текстот не бил споменато дека „Израел го има правото на самоодбрана“.