КОЈ Е НАТРАПНИКОТ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ВО РЕАЛ МАДРИД? Меѓу играчите има кавги, еве за што се конфронтираат
Шпанските медиуми пишуваат дека хрватскиот фудбалер Лука Модриќ веќе подолго време не зборува со Винисиус Жуниор. Освен тоа, имал судир и со Џуд Белингем, кому му замерил на недоволен ангажман во одбраната. Од друга страна, Винисиус, целосно го игнорира „францускиот клан“ на новодојдениот Килијан Мбапе.
Соблекувалната на Реал Мадрид наликува на растурен оркестар. Меѓу играчите владеат тензии, кавги и игнорации, а сезоната на „кралевите“ се претвори во бледо сеќавање на славата.
Капитенот Лука Модриќ е еден од ретките што гласно зборува:
– Мораме да се обединиме ако сакаме да ја спасиме честа на дресот – повика тој, но без одговор од најблиските.
Шпанските медиуми пишуваат дека Модриќ веќе подолго време не зборува со Винисиус. Освен тоа, имал судир и со Џуд Белингем, кому му замерил на недоволен ангажман во одбраната. А Белингем, пак, остро го нападнал Антонио Рудигер поради неговото однесување со судијата во финалето на Кралскиот куп – што му донесе шест меча суспензија.
– Тоа не е лидерско однесување – му рекол Англичанецот на Германецот.
Рудигер влегол и во жесток судир со Тибо Куртоа. Белгискиот голман отворено му рекол дека не сака повеќе ништо заедничко со него сè додека не се промени и не почне да се однесува „како нормална личност“.
Меѓу најзатегнатите односи се и оние меѓу Винисиус и новодојдениот Килијан Мбапе. Бразилецот, според извори блиски до тимот, целосно го игнорира францускиот клан на чело со Мбапе, кој пак не успеал да се вклопи во соблекувалната и поддршка добива само од своите сонародници од репрезентацијата.
Во целата збрка, „Дон Балон“ открива уште еден конфликт: Модриќ против Рудигер. Според медиумот, токму Германецот и Винисиус станале најнеприфатени личности меѓу останатите.
Сезоната на Реал се претвори во катастрофа. Тимот испадна од Арсенал во четвртфиналето од ЛШ, ги загуби двата финала – на Суперкупот и Кралскиот куп – од Барселона, и се наоѓа четири бода зад Каталонците, пет кола пред крајот на Ла Лига.
Анчелоти го напушта тимот по завршување на сезоната, а Чаби Алонсо е главниот фаворит да ја преземе вжештената клупа.