КОЈ ЌЕ НАСТРАДА ПРВ? Владата ќе ги казнува директорите кои не плаќаа струја
Битиќи вели ако има пари во буџетот државата ќе ги плати сметките за струја на неодговорните директтори.
Директорите на државните институции кои не плаќале сметки за струја ќе бидат повикани на одговорност, потврди денеска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Имаше состанок вчера, ќе има и денеска состанок на Енергетскиот совет во Владата, по седницата на Владата. Тоа што го кажаа премиерот и министерот, ќе го повторам и јас – ќе се повикаат на одговорност сите што се однесувале неодговорно – рече Битиќ во одговор на прашање пред почетокот на Тркалезната маса за Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија.
Прашан дали државата ќе има пари да ги покрие долговите за сите, тој рече дека меѓу останатите приоритети може да се најде и подмирувањето на долговите.
-Ќе видиме затоа што е крај на година и секако дека има приоритети. Приоритет е зачувување на ликвидноста на приватниот сектор, зачувување на секое работно место, грижа за сите најранливи категории на граѓани. Обезбедување на електрична енергија и подмирување на долговите можено е да е една од опциите онолку колку што дозволува Буџетот – рече Битиќи.