Кој е најпопуларниот јазик што се изучуваше оваа година?

Ова го покажуваат податоците на бесплатната јазична апликација „Duolingo“.

500

Триесет милиони луѓе се обидоа да научат нов јазик оваа година во неделите кога светот беше принуден да остане дома поради пандемијата Ковид-19.

Ова го покажуваат податоците на бесплатната јазична апликација „Duolingo“.






Извештајот „Year in Language“ на апликацијата открива дека турскиот јазик е најбрзо растечки јазик во Америка во 2020-та година, но шпанскиот јазик останува најпопуларен избор (го надминува и францускиот по глобална популарност).

Следува англискиот како втор најпопуларен јазик за оние кои ја користат „Duolingo“ од САД.

Според апликацијата, францускиот, јапонскиот и германскиот јазик ги завршуваат првите пет јазици што се изучуваат во Америка, пренесува „T+L“.

И додека Американците се навистина страствени за учењето јазик во 2020-та година, тие не се најпосветени. Всушност, „Duolingo“ открил дека Германците се најинтузијастички ученици на јазик во светот, а по нив следуваат Јапонците и Унгарците.

Од новите ученици, 40,5% се дел од генерацијата Z (родени од околу 1997 до 2012 година), а учењето на нов јазик кај 13 и 14-годишници е зголемено за 85% во споредба со 2019-та година.

Најпопуларниот јазик за оваа генерација? Јапонски.

Еве ги првите 10 најучени јазици во 2020-та година преку „Duolingo“ ширум светот:

1. англиски

2. шпански

3. француски

4. германски

5. италијански

6. јапонски

7. корејски

8. португалски

9. руски

10. кинески

Вкупно, „Duolingo“ има околу 40 милиони активни корисници месечно и нуди изучување на 39 различни јазици.

Поврзани содржини