КОЈ ЌЕ МУ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА ЃОКОВИЌ? Познати се двојките на стартот на Вимблдон

Младата шпанска тениска ѕвезда и петти носител Карлос Алкараз на стартот на Вимблдон ќе се соочи со Германецот Јан – Ленард Штруф.

334

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја почне одбраната на титулата на Вимблдон против Јужнокореецот Сун Ву Квон, додека вториот носител, Шпанецот Рафаел Надал, во првото коло ќе игра против Франциско Серундоло од Аргентина.

Младата шпанска тениска ѕвезда и петти носител Карлос Алкараз на стартот на Вимблдон ќе се соочи со Германецот Јан – Ленард Штруф.






Доколку нема изненадувања, во четвртфиналето би се стретнале Ѓоковиќ против Алкараз и Надал против Канаѓанецот Феликс Оже-Олијасим.

Поврзани содржини