КОЈ Е МИСТЕРИОЗНИОТ „СЛИКАР“ БЕНКСИ? Исечкана концептуала продадена за 21 милион евра
Поради инцидентот, аукциската куќа Стоби му рекла на купувачот дека може да се откаже од купувањето, но тој сепак ја купил, а денес ја препродаде за 20 пати поголема цена. Делото се нарекува и „Љубов во канта“, а е едно од најпознатите инсталации на Бенкси.
Платно делумно исечкано како на лош принтер под име „Девојка со балон“, инсталација на непознатиот британски уметник Бенкси беше продадено на аукција во Лондон за повеќе од 21 милион евра, пишува Индекс. Таа веќе еднаш била продадена во 2018 за 1,1 милион евра, но на самата аукција некаков нож скриен во рамката почнал да ја сечка сликата пред вчудоневидените наддавачи.
Поради инцидентот, аукциската куќа Стоби му рекла на купувачот дека може да се откаже од купувањето, но тој сепак ја купил, а денес ја препродаде за 20 пати поголема цена. Делото се нарекува и „Љубов во канта“, а е едно од најпознатите инсталации на Бенкси.
Но, кој е тој Бенкси? Никој не знае. Бенкси е псевдоним за уличен уметник од Англија, политички активист и филмски режисер чиј вистински идентитет останува шпекулација. Неговата сатирична, ангажирана концептуална уметност беше позната од 90-тите, а неговите први „инсталации“ беа изложувани на ѕидови во Бристол слично како графити. Често, делата на Бенкси можат да бидат критика за одредени глобални настани, а, како темпирани, испливуваат баш тогаш кога нешто скандалозно ќе се случи во светот.