КОЈ Е ИДНИОТ СОПРУГ НА ЛЕЈДИ ГАГА Пејачката и бизнисменот се запознале за време на карантинот во Малибу

Лејди Гага и Мајкл Полански се во врска од 2020 година, а се свршија во 2024 година. Тој е претприемач и инвеститор, а се зближил со пејачката за време на карантинот.

475

Лејди Гага наскоро ќе се мажи за својот вереник, Мајкл Полански. Познатата пејачка ја објави веста за време на гостувањето во емисијата „Romantic Radio“ на Бруно Марс на „iHeartRadio“.

– Со мојот вереник патуваме цела година, но наскоро ќе се венчаме. Се надевавме дека ќе ни избереш некоја посебна песна – му рекла таа на Бруно Марс во снимена порака.






– Ако бараш песна што ќе му ја посветиш на твојот сопруг, би рекол дека не треба да е од мојот нов албум – рекол славниот пејач, па додал: Јас би ја избрал „Risk It All“.

Лејди Гага и Полански се во врска од 2020 година, а се свршија во 2024 година. Тој е претприемач и инвеститор, а се зближил со Лејди Гага за време на карантинот поради коронавирусот, кој двајцата го поминале во Малибу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Полански е технолошки инвеститор образуван на Харвард и основач или ко-основач на повеќе компании, вклучувајќи ги Avos Capital Management, Outer Biosciences и Hawktail. Тој, исто така, членува во одбори на организации, вклучувајќи го Институтот Паркер за имунотерапија на рак и компанијата за шминка на неговата свршеница, Haus Labs By Lady Gaga.

Според Page Six, Гага и Полански „најверојатно се запознале преку настани што претприемачот Шон Паркер ги организирал во неговата палата во ЛА“. Инсајдерот тврди дека парот се поврзал на роденденската забава на Паркер во декември 2019 година.

Гага навистина присуствуваше на настаните на Паркер, бидејќи актерот Бредли Купер вели дека тој самиот ја запознал во април 2016 година кога таа настапи на отворањето на Институтот за имунотерапија на рак и ја отпеа „La Vie en Rose“ на Едит Пјаф, која го инспирираше Купер да ја избере  улогата во филмот „Ѕвездата е родена“.

Веста за претстојната венчавка доаѓа неколку месеци откако Лејди Гага откри дека таа и Мајкл Полански често разговараат за брак. Полански претходно за списанието „Ролинг Стоун“ изјави дека сакаат приватна церемонија наместо голема и раскошна свадба.

 

Поврзани содржини