КОЈ Е ГРЧКИОТ „ЕСКОБАР“ УАПСЕН ВО КАТЕРИНИ? Алекос „Дебелиот“од морнар станал мозок на најголемата мрежа со кокаин
Грчкиот „Ескобар“ познат како Алекос Дебелиот е син на полицаец од Неои Пори, Пиерија, и почнал да работи како морнар на стари бродови што транспортирале шверцувани цигари од Албанија до Италија.
Меѓу уапсените при заплената на грчки рибарски брод со 7 тони кокаин е и криминаец познат како „грчкиот Ескобар“. Според грчкиот портал Либре приказната за Алекос Ангелопулос, е приказна која вклучува спектакуларни испораки на дрога од Латинска Америка до Европа преку Сенегал, извоз на оружје од Грција до Никарагва, љубовни врски со проститутки во Антверпен, инвестиции во брендирани бизниси и купувања на фудбалски тимови во Грција, перење милиони преку ОПАП и смртоносни зделки.
Грчкиот „Ескобар“ се смета за мозокот на најголемата криминална мрежа за трговија со кокаин што некогаш делувала во Грција. Тој бил сопственик на бродот со дрога и веќе подолго време бил на мета на меѓународните безбедносни агенции поради неговото криминално минато.
Пет лица се веќе уапсени, а се очекуваат апсења на уште петмина. Првите апсења биле извршени во Грција, додека членовите на екипажот на запленетиот брод се во притвор и наскоро ќе бидат изведени пред истражен судија.
Од морнар до наркобос
Што знаеме за „Алекос“ или „Дебел“, како што е познат? Со своето богато досие во Администрацијата за борба против дрога и својата истакната позиција во нелегалните кругови, е син на полицаец од Неои Пори, Пиерија, и почнал да работи како морнар на стари бродови што транспортирале шверцувани цигари од Албанија до Италија.
Во 2002 година американската ДЕА ја информирала грчката полиција дека тој со гумен чамец истоварил 5,5 тони кокаин кај Катерини и ги сокрил во магацин во Литохоро. Локални жители сведочеле дека ноќе трактори влечеле огромни кутии од рибарски брод. Следната година, холандската полиција не пронашла дрога во неговите бротчиња „Хеликс“ и „Тритон“, бидејќи, според сведоштва, товарот бил исфрлен во Атлантикот. И покрај загубата, се смета дека Алекос целосно ги исплатил колумбиските картели.
Апсен и осудуван, парите ги перел преку лото ливчиња?
Следната 2004 година истрагата довела до рибарскиот брод „Африка I“ во Керацини. Алекос, кој го плаќал ремонтот во кеш, наредил ново патување. Бродот натоварил 5,4 тони кокаин кај Сенегал, но бил следен од британски, американски и грчки служби. При враќањето, кај Гибралтар, го пресретнала шпанската крајбрежна стража и на 13 јули 2004 година „Африка“ било запленето. Алекос бил уапсен во август во Штутгарт, негирајќи вина.
Подоцна бил осуден на доживотен затвор, а потоа казната му била намалена на 22 години. Но, ден по неговото пуштање, повторно бил вратен во затвор кога Врховниот суд ја врачил одлуката за доживотната казна. Обвинителството докажало дека парите од дрогата ги пере преку добитни тикети од државната лотарија, при што месечниот обрт на локално обложувалиште достигнал 12,5 милиони евра.