КОЈ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ОГРОМНОТО БОГАТСТВО НА МЕТЈУ ПЕРИ? Актерот заработувал милион долари по епизода од „Пријатели“
Ѕвездата на „Пријатели“ Метју Пери беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Актерот почина на 54 години, а неговиот помошник го пронашол во џакузи во саботата околу 16 часот.
Ѕвездата на „Пријатели“ Метју Пери беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Актерот почина на 54 години, а неговиот помошник го пронашол во џакузи во саботата околу 16 часот.
Зад себе остави огромно богатство кое се брои во милиони. Актерот добивал 800.000 долари по епизода во сезоните 7 и 8 на „Пријатели“ и до 1 милион долари по епизода во сезоните 9 и 10.
Се проценува дека за улогата на Чендлер Бинг заработил околу 90 милиони долари.
Како што пренесуваат странските медиуми, се претпоставува дека тој во моментот на смртта имал околу 120 милиони долари. Освен тоа, Метју Пери бил познат и на пазарот на недвижности во Калифорнија, па во периодот од 2015 до 2021 година продал дури четири недвижности, од кои секоја вредела повеќе од 10 милиони долари.
Со оглед на тоа дека Метју Пери немаше деца и не беше оженет, целото богатство им припаѓа на неговите родители Џо Бенет Пери (кој и самиот е актер) и неговата мајка Сузан Ленгфорд.
Во една прилика, актерот се осврна на незгодното прашање на смртта.
„Кога ќе умрам, знам дека ќе се зборува само за „Пријателите“. И среќен сум поради тоа, среќен сум што завршив добра работа како актер, но кога ќе умрам, би сакал повеќе да се пишува за тоа колку им помагав на другите“, изјави Метју пред неколку години.