КОЈ ЌЕ ГИ СНАБДУВА СО ЈАГЛЕН ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ? Државните електрани имаат потреба од 950.000 тони лигнит

За двата тендера основен критериум за добивање на набавката е  најниската понудена цена. Набавката не е обврзувачка за ЕСМ и ќе зависи од потребите и квалитетот на јагленот.

535

АД ЕСМ објави два тендера за набавка на 950.000 тони јаглен за потребите на термоелектраните во РЕК Битола и РЕК Осломеј

За РЕК Битола ќе се купуваат вкупно 600.000 тони. Најмалата понуда може да изнесува 200.000 тони, а операторот ќе мора месечно да доставува по 50.000 тони.






За РЕК Осломеј ќе се купувааат 350.000 тони, а најмалата понуда мора да биде 100.000 тони.

За двата тендера основен критериум за добивање на набавката е  најниската понудена цена. Набавката не е обврзувачка за ЕСМ и ќе зависи од потребите и квалитетот на јагленот.

Паво на учество имаат домашни и странски фирми, а рок за доставување понуди е 31 август.

Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски вчера изјави дека за претстојната зима се планира да работат сите капацитети, а редовни  набавки се вршат на јаглен и мазут за потребите на термоелктраните.

Поврзани содржини