КОЈ Е БЕГАЛЕЦОТ АЦО БОЦЕВСКИ УАПСЕН ВО КАТЕРИНИ? Испукал шаржер куршуми во убиство среде Скопје во 1997 година
На убиството му претходела кратка автомобилска брканица низ скопските улици, по што Ибраими, управувајќи „мерцедес“, излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“. Боцевски, кој управувал „корвета“, застанал зад него, излегол од возилото, и ладнокрвно го застрелал Ибраими со повеќе истрели, испразнувајќи цел шаржер од пиштолот.
Македонскиот државјанин Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“, кој беше во бегство повеќе од две децении, е уапсен во грчкиот град Катерини, потврди МВР. Од полицијата велат дека денеска нивните грчки колеги ги извесиле дека го лишиле од слобода Боцевски.
„Денеска (26.05.2025) од страна на грчката полиција сме известени дека го лишиле од слобода Ацо Боцевски кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен суд Скопје І од 30.06.1998 година за издржување казна затвор во траење од 15 години за извршено кривично дело по член 123 (убиство) од Кривичниот законик на РСМ“, велат од МВР.
Боцевски беше осуден за убиство на Сеат Ибраими, извршено среде бел ден во ноември 1997 година во центарот на Скопје. На убиството му претходела кратка автомобилска брканица низ скопските улици, по што Ибраими, управувајќи „мерцедес“, излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“. Боцевски, кој управувал „корвета“, застанал зад него, излегол од возилото, и ладнокрвно го застрелал Ибраими со повеќе истрели, испразнувајќи цел шаржер од пиштолот.
Иако беше осуден, Боцевски побегна откако му беше дозволен домашен притвор, и со години успешно го избегнуваше органите на прогонот. За него беше распишана една од најстарите меѓународни потерници на веб-страницата на МВР.
Со неговото апсење, се очекува екстрадиција во Македонија, каде треба да ја доиздржи затворската казна.