КОЈ ДА ШУТИРА, ЛИОНЕЛ ИЛИ КРИСТИЈАНО? Ибрахимовиќ си игра мајтап со Роналдо
Секако дека ќе му речам на Роналдо да го изведе слободниот удар, затоа што отсекогаш сум сакал да гледам продолженија - одговори Ибрахимовиќ.
Ако вие сте тренер на клуб во кој заедно играат Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а во тек е многу важен натпревар, притоа тече последната минута од натпреварот и досуден е слободен удар во близина на шеснаесетникот. Кого ќе изберете да го изведе слободниот удар – Меси или Роналдо? Вака гласеше прашањето што еден новинар му го постави на шведскиот репрезентативец и фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ.
Фудбалерот прво се насмеа и веднаш одговори во свој препознатлив стил:
– Секако дека ќе му речам на Роналдо да го изведе слободниот удар, затоа што отсекогаш сум сакал да гледам продолженија – одговори Ибрахимовиќ.