🎥 КОЈ ЧЕКА ЌЕ ДОЧЕКА! Дејвид Бекам стана витез

Британскиот монарх му оддаде голема чест на поранешниот фудбалер дозволувајќи му да ја додаде титулата „Сер“ на своето име. Тоа е настан што големиот хуманитарец го чекаше со години.

293

По долго чекање и многу неуспешни обиди, Дејвид Бекам конечно е прогласен за витез. Поранешниот фудбалер пристигна во замокот Виндзор со својата сопруга Викторија и конечно ја доби оваа посебна почест од кралот Чарлс и правото да ја стави титулата „Сер“ пред своето име.

Тој ја заработи оваа награда за неговиот придонес во британскиот фудбал, откако одигра 115 натпревари за својата земја и беше капитен 59 пати. Освои 15 трофеи и играше на пет меѓународни турнири. Пред да се пензионира во 2013 година, Бекам играше за Реал Мадрид, ЛА Галакси, Пари Сен Жермен и Милан.






Покрај тоа, тој е признат и како голем хуманитарец кој е амбасадор на УНИЦЕФ од 2005 година. Фактот дека целиот свој живот бил „ројалист“ се потврдува со фактот дека минатата година овој поранешен фудбалер беше назначен и за амбасадор на „Фондацијата на кралот“, хуманитарна организација основана од самиот крал во 1990 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Поврзани содржини