КОЈ БРЗА, ДОБИВА КАЗНА, КОЈ ПИЕ, ГО ИСКЛУЧУВААТ ОД СООБРАЌАЈОТ За два дена казнети над 1.700 возачи, најмногу за надмината брзина

Од вкупно 1.711 издадени платни налози, дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои возеле над дозволената брзина, 148 возачи учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, а 80 возачи управувале под дејство на алкохол, соопшти полицијата.

689

Во текот на изминатиот викенд полицијата казнила 1.711 казни возачи за сообраќајни прекршоци. Најголем дел од казните се за возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, како и за оние што управувале без возачка дозвола или под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи апелира на одговорно однесување и на почитување на правилата за безбедност на патиштата.






– Од вкупно 1.711 издадени платни налози, дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите по однос на брзината на движење. Истовремено, детектирани се 148 возачи што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. 80 возачи управувале под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека 70 возачи на мотоцикли се санкционирани поради неносење на заштитна кацига – соопшти полицијата.

Покрај ова, се додава во соопштението, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изречени се 184 прекршоци за недозволено, односно неправилно паркирање. Прекршочно се санкционирани 71 лице што не користеле сигурносен појас, 44 поради користење мобилен телефон при возење, а четворица возачи минале на црвено светло.

Прекршочни казни добиле и 11 пешаци, информираат од МВР.

Викендов биле отстранети 37 возила поради тоа што биле нерегистрирани, а 9 возила поради техничка неисправност.

Од полицијата соопштија дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Поврзани содржини