НА „ФРОНТОТ ЗА ЕВРОПА” СЕ ПУКА И СО ЛАЖНИ ВЕСТИ Александар Николоски се пожали на фејк спонзориран од порталот Фронтлајн
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски на својот профил на Фејсбук предупреди дека „И дното е пробиено“, истакнувајќи дека порталот Фронтлајн, сопственост на Џабир Дерала, спонзорира на Фејсбук целосно лажна вест за него.
„Прават видео со исечени реченици од мое интервју, го монтираат и пуштаат спонзорирано на Фејсбук. Еве се живи фатени. Се надевам после ова сериозно ќе размислат нивните донатори, пред се, од европските земји и останатите кои го финансираат дали треба да продолжат да финансираат создавачи на лажни вести со цел политички поени за СДСМ и ДУИ! Кој „борец против лажни вести“ спонзорира лажни вести на Фејсбук“, прашува Николовски во постот.
Богдан Илиевски денеска објави видео, како што наведува, спонзорирано клипче со манипулирана/фалсификувана изјава на Александар Николоски.
„Кликам да видам кој спонзорира, има телефонски број. Го внесувам телефонскиот број на вајбер за да видам дали има некој поврзан со тој број, а потпишан на Вајбер. Резултатот го имате во видеото. Мизерија, објави Илиевски на Фејсбук.
На крајот од видеото може да се види бројот на редакцијата на Фронтлајн чиј главен и одговорен уредник е Дерала кој преку невладината организација „Цивил“ е еден од поборниците против лажните вести.