🎥 КОЊАНИЦИТЕ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНАА ВО КРУШЕВО Јавачите беа пречекани со леб и сол

Традиционално, крушевчани ги пречекаа поддржувачите на традициите од Илинденските денови со леб и сол.

521

Во центарот на Крушево, пред црквата „Свети Никола“, попладнево пристигнаа коњаниците од цела Македонија.

Традиционално, крушевчани ги пречекаа поддржувачите на традициите од Илинденските денови со леб и сол.






На свеченото отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, од 20 часот на Гумење, ќе се прочита Крушевскиот манифест и ќе се подигне бајракот на Крушевската Република.

На отворањето се очекува да се обратат Томе Христоски, градоначалник на Крушево и претседател на Манифестацијата, како и министерот за култура Зоран Љутков.

Манифестацијата ќе биде проследена со богат огномет, културно-уметничка програма и импровизиран напад на Крушево, како потсетување на славните илинденски денови и на Првата република на Балканот.

Погледнете го видеото:

Поврзани содржини