КОЈА ВАКЦИНА Е НАЈДОБРА ЗА ТРЕТА ДОЗА Еве што препорачува д-р Лилјана Стевчева
Стевчева вели дека е нејасно зошто во Македонија се препорачува трета доза за сите, кога препораката е за луѓе над 60 години.
Д-р Лилјана Стевчева, имунолог со над 20 годишно искуство во САД ја расчистува дилемата на дел од граѓаните дали да примат Фајзер вакцина како трета доза.
– Третата бустер доза на вакцина против ковид подобро е ако е различна од првите две заради подобар имунолошки одговор на организмот иако може да биде и од истата – објаснува докторката за ТВ24.
Стевчева вели дека е нејасно зошто во Македонија се препорачува трета доза за сите, кога препораката е за луѓе над 60 години.
Досега трета доза примиле 43. 376 граѓани. Интересот кај граѓаните за вакцинација со трета доза е многу поголем отколку за прва и втора доза, кој опаѓа. Во последните четири дена аплицирани се 1.706 од прва доза, ревакцинирани се 1.899, а трета доза примиле 4.590.