📷 КОЈ ЈА УКРАДЕ ИГЛАТА ЗА ШИЕЊЕ? Оштетен е дел од скулптурата „Зашиени емоции“ во Штип

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ информираше дека синоќа, во центарот на Штип, на најпрометната улица кај училиштето „Ванчо Прќе“, е украден дел од иглата на скулптурата изработена од реномираниот скулптор, уметник, магистар и професор Никола Смилков.

717

Оштетен е дел од скулптурата „Зашиени емоции“ посветена на текстилните работнички во паркот кај штипскотото Општинско основно училиште „Ванчо Прќе“, која беше свечено откриена од претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова на „Текстилјда 8“, а која се одржа пред еден месец.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ информираше дека синоќа, во центарот на Штип, на најпрометната улица кај училиштето „Ванчо Прќе“, е украден дел од иглата на скулптурата изработена од реномираниот скулптор, уметник, магистар и професор Никола Смилков.






– Овој чин е срам за нашиот град и навреда за трудот на сите кои вложија време, енергија и љубов за да создадат нешто вредно за Штип. Ги повикуваме надлежните институции, веднаш да го решат случајот и да ги заштитат јавните добра. Апелираме до граѓаните, ако сте сведоци на овој срамен чин или имате било каква информација за сторителите, ве молиме да го пријавите случајот – вели Ампева.

Таа посочува дека Штип заслужува почит, а какошто вели „нашиот град не е место за вандализам и безредие“.

Поврзани содржини