КОЈА ПАРТИЈА ИМА НАЈМНОГУ ПРАТЕНИЦИ? Јанушев го потсети Ковачевски кој предлага премиер во техничката влада
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, преку статус на Фејсбук го потсети премиерот на членот 43 од Законот за Влада, според кој: „Сто дена пред одржување на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата, Собранието ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го номинира партијата со најголем број на пратеници во Собранието“.
„Многу „интересно” како в.д. премиеров чита „селективно”!
Имено, т.н. „техничка влада” за организација и спроведување на изборите е регулирана во глава XIII од Законот за Владата на Република Македонија.
Спорно во неговите изјави (покрај се останато штом уста отвори) е тоа што главата XIII започнува со член 43 кој Ковачевски „го игнорира”.
Ковачевски, која е партијата со најголем број пратеници во Собранието“, прашува Јанушев.