Кој ја изнервира Ангела Меркел?

Германскиот „Билд“ објави дека на канцеларката ѝ здодеале барањата од поедини покраини, па токму затоа таа решила некое време да не учествува во дискусиите со нив.

561

Германската канцеларка Ангела Меркел е многу нервозна поради однесувањето на премиерите на германските покраини, кои бараат попуштање на мерките воведени поради заштита од коронавирусот.

Германскиот „Билд“ објави дека на канцеларката ѝ здодеале барањата од поедини покраини, па токму затоа таа решила некое време да не учествува во дискусиите со нив.






Затоа, како што наведува „Билд“, во наредниот период нема да се одржуваат видео-конференции со премиерите на покраините.

Инаку, канцеларката веќе еднаш им попушти на некои покраини кои бараа попуштање на мерките. Таа се согласи на скратување на ограничениот контакт кој ќе биде целосно укинат на 29 јуни, наместо на 5 јули.

Поврзани содржини