КОЈ ЈА ИСКЛУЧИ СТРУЈАТА? Судскиот совет остана без електрична енергија среде гласање

Судскиот совет не можеше да продолжи со работа, бидејќи нефункционален беше системот за гласање, како и системот за говорење.

237

Откако најпрво го избра Иван Џолев за претседател на Кривичниот суд, а Емет Кранли-Али за претседателка на Основниот суд во Ресен, Судскиот совет беше принуден да ја одложи седницата за избор на претседател на Судот во Тетово, бидејќи го објектот каде што се врши гласањето снема струја.

Судскиот совет не можеше да продолжи со работа, бидејќи нефункционален беше системот за гласање, како и системот за говорење.






На следната седница, ќе треба да се изберат претседател на судот во Виница, избор на второстепени судии во Гостивар, како и судии за Кривичниот суд во Скопје и Штип.

На таа седница, ќе треба да пензионираат и судија поради исполнување услови за старосна пензија. Ќе се формираат и комисии кои ќе треба да утврдуваат одговорност кај судија и претседател на суд.

Поврзани содржини