🎥 KОЈА Е ВНУКАТА НА ДОНАЛД ТРАМП? Осумнаесетгодишната Каи предизвика на интернет бура, со снимка од воени хеликоптери

Каи Трамп повторно стана вирална откако се прошири видеото на кое позира на писта со воени хеликоптери во позадина, но подоцна се покажа дека е постаро видео кое нема никаква врска со актуелните настани.

29

Каи Трамп (18), внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, во последните години се појавува сè почесто во јавноста и на социјалните мрежи.
Младата инфлуенсерка и талентирана голферка неодамна повторно привлече внимание откако видеото на кое таа позира на аеродромска писта со воени хеликоптери во позадина стана вирално. Иако видеото предизвика бројни реакции и критики, подоцна се покажа дека е постаро видео кое нема никаква врска со актуелните светски настани.

Каи е родена на 12 мај 2007 година во Њујорк како најстаро дете на Доналд Трамп помладиот и Ванеса Трамп. Таа пораснала во едно од најпознатите американски политички и бизнис семејства, па од детството повремено се појавувала во јавноста.






Во тинејџерските години, Каи стана активна на социјалните мрежи, особено на Тик-Ток, каде што споделува моменти од секојдневниот живот и патувањата. Покрај тоа, таа е позната и по својата голема страст кон голфот, спорт со кој сериозно се занимава уште од дете.

Благодарение на добрите резултати на теренот, таа го привлече вниманието на американската колеџ голф сцена, а често се појавува на настани поврзани со семејството Трамп, поради што нејзиното име редовно се споменува во медиумите.

Минатата година, Каи ја покажа внатрешноста на авионот на нејзиниот дедо вреден 100 милиони долари.

Поврзани содржини