Која е судијката поради која Ѓоковиќ беше елиминиран од УС Опен?

Интересно е тоа што, ова не е првпат тениско топче да ја погоди во главата.

3,806

Линиската судијка која што најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, несакајќи ја погоди со топчето во грлото, се вика Лаура Кларк.

Новак е дисквалификуван од УС опен, а причината сите многу добро ја знаеме. Но, која е линиската судијка?






Лаура поради овој инцидент е во центарот на вниманието во светската јавност, па иако Новак не сакал да го каже нејзиното име, за да ја зачува нејзината приватност, американските медиуми се погрижиле цел свет да дознае всушност која е жената поради која српскиот ас е исфрлен од УС опен.

Лаура е од Овенсбор, американската држава Кентаки и е долгогодишна судијка на АТП турнирите.

Таа била линиски судија и во текот на студентските турнири, а со текот на времето напредувала и стигнала до УС опен и Дејвис купот.

Интересно е тоа што, ова не е првпат тениско топче да ја погоди во главата.

 

Во некое интервју, кое што го давала пред шест години, открила дека тениско топче ја погодило во усната со брзина од 130 км/ч.

Врз основа на нејзините објави на социјалните мрежи, може да се заклучи дека таа ужива во патувањата и консумирањето скапи алкохолни пијалаци.

 

Таа исто така неретко објавува фотографии на кои што покажува како консумира скапоцени вина, но и жестоки алкохолни пијалаци.

Поврзани содржини