🎥 КОЈА Е СРБИНКАТА ШТО ГО ОСВОИ СРЦЕТО НА КРИСТИЈАН БЕЈЛ? Сиби Блажиќ, порано, Србослава, е 25 години во брак со славниот актер
Холивудскиот актер Кристијан Бејл се појави со сопругата Сиби Блажиќ на премиерата на неговиот нов филм „Невестата!“ во Њујорк. Двојката облечена во соодветни елегантни црни комбинации прошета по црвениот тепих, привлекувајќи големо внимание од фотографите и обожавателите.
Актерот Кристијан Бејл (52) се појави со сопругата Сиби Блажиќ на премиерата на филмот „Невестата!“ во Њујорк, каде што заедно прошетаа по црвениот тепих во елегантни црни комбинации.
Двојката, позната по тоа што го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, ретко се појавува на настани, па затоа нивното заедничко појавување привлече големо внимание.
View this post on Instagram
Инаку, Сиби Блажиќ која пред да го смени името се викала Србослава, е родена во Чикаго, но нејзините родители, Слободан и Надежда потекнуваат од Белград, а се преселиле во САД пред таа да се роди.
Сиби го запознала Бејл преку актерката Винона Рајдер. Во 1994 година, Кристијан и Винона го снимаа филмот Little Women, a во тој период Сиби ѝ била лична асистентка на актерката.
Со текот на времето се зближувале, па кон крајот на 90-тите, Кристијан и Сиби почнале врска.
Се венчале во 2000 година и имаат две деца. Блажиќ повремено учествувала во филмските проекти на Бејл, на пример, таа била дел од екипата на The Dark Knight Rises, каде што Кристијан го глуми Бетмен.
– Мојата сопруга е каскадерка и ме бркаше со автомобил низ градот додека го снимавме The Dark Knight Rises. Возеше еден од полициските автомобили. Може да направи над 180 каскадерски трикови. Ме плаши. Мојата сопруга вистински ме плаши – изјави тогаш актерот по премиерата на филмот.
Кристијан Бејл и неговата сопруга се познати и по изградбата на населба за сираци.
Актерот ја добил идејата откако сфатил дека децата од сиропиталиштата честопати се разделени од нивните браќа и сестри кога се згрижувани во семејства. Затоа, со сопругата одлучиле да изградат цела заедница каде што децата нема да бидат одделувани од своите браќа и сестри.
– Ова се случува во 75% од случаите, па можете да ја замислите траумата. Да немате родители, а потоа да ги изгубите браќата и сестрите – ова е нешто што не треба да го правиме.
Актерот и сопругата работат на проектот од раѓањето на нивната ќерка.
Изградбата на населбата чини 22 милини долари, а добиле финансиска помош и од Леонардо ди Каприо.
Кристијан не штеди на комплименти кога зборува за помошта што ја добива од сопругата.
Тој веќе беше активен кога се запознале бидејќи глуми уште од детството. Но, секогаш истакнува дека сопругата му помогнала да се усоврши.
– Сиби била во брак со многу ликови (што ги глумев)… Знам дека сето ова би било невозможно без неа. Таа е прекрасна, силна жена – вели тој.