КОЈА Е НАЈЛОШАТА ХРАНА ЗА ДЕТСКИОТ МОЗОК? Многу шеќер во детството може да доведе до оштетување на меморијата во зрелоста
Еден нов извештај покажал дека децата и тинејџерите консумираат исклучително големи количини на калорична нездрава храна, што негативно влијае на развојот на нивниот мозок. Ова е главно затоа што мозокот на адолесцентите сè уште го развива својот фронтален лобус, делот од мозокот кој е одговорен за меморијата, вниманието и контролата на импулсите.
Исхраната има важна улога во физичкиот и психичкиот развој на детето, како и во однесувањето.
Според извештајот за 2020 година објавен во The Lancet: Child & Adolescent Health, апсолутно најлоша храна за мозокот на вашето дете е џанк фуд.
Истражувачите од универзитетот Western прегледале повеќе од 100 различни студии за да извлечат заклучок. Студиите што ги проучувале истражувале како лошиот избор на исхрана може да влијае на мозокот на децата и адолесцентите, пишува Eat This.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.