КОЈА Е МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСТАВНИЧКА НА МИС УНИВЕРЗУМ? Иман Тотиќ е моделка и ќерка на Мис на Македонија за 1996 година
Оваа 24-годишна моделка која својата кариера ја гради во Лондон ја претставува Македонија на годинешниот избор Мис Универзум во Тајланд. Иман ѝ е ќерка на Александра Петровска која беше крунисана за Мис на Македонија во 1996-та година и со години ја претставуваше државата на бројни интернационални избори.
Иман Тотиќ годинава ја претставува Македонија на еден од најпрестижните светски избори за убавина – Мис Универзум 2025 што се одржува во Тајланд.
Таа е речиси непозната за македонската јавност, но гради успешна интернационална кариера во Лондон.
View this post on Instagram
– Со гордост ја претставуваме Иман Тотиќ, нашата претставничка на Miss Universe 2025! Овој ноември, таа ќе ја носи Македонија на светската сцена во Тајланд, со став, шарм и срце полно љубов кон својата земја.
Следете го нејзиното патување кон круната и споделете ја гордоста со нас – пишува на официјалната фејсбук-страница на Мис Универзум Македонија.
Иман е и успешен модел кој гради меѓународна кариера во Лондон, каде работи за реномирана модна куќа. Со својата појава, но и со став и енергија, Иман е пример за современа, силна и талентирана жена.
View this post on Instagram
Она што ја прави нејзината приказна уште поинтересна е тоа што убавината и елеганцијата ѝ се дел од семејното наследство. Имено, нејзината мајка, Александра Петровска, беше крунисана за Мис на Македонија во 1996-та година и со години ја претставуваше државата на бројни интернационални избори. Денес, таа сè уште важи за една од најубавите жени во земјата. Значи, во случајов, дефинитивно важи она дека – „крушата под круша паѓа“.
View this post on Instagram