Запознајте ја ќерката на Путин што ја прими вакцината против ковид-19 (ВИДЕО)
Како што пишуваат светските медиуми, Воронцова студирала биологија на Универзитетот во Санкт Петербург, а дипломирала на Универзитетот за медицина во Москва. Уште поинтересно е тоа што таа во исто време е и советничка на Путин за генетски инженеринг.
Рускиот претседател Владимир Путин деновиве соопшти дека неговата ќерка на себе ја тестирала вакцината против ковид-19, па од тој момент сите светски медиуми почнаа да истражуваат и да пишуваат за 35-годишната Марија Воронцова.
Инаку, таа е најстарата ќерка на Путин, по професија е педијатар-ендокринолог, а сега дополнително ѝ стана интересна на јавноста поради тоа што храбро прифати да ја прими новата вакцина против коронавирусот.
– Една од моите ќерки прими вакцина против ковид-19. Всушност, таа учествуваше во експериментот. По првата вакцина имаше температура 38 степени, а другиот ден нешто повеќе од 37 степени – рече Путин на владината седница на која беше објавено дека Русија ја регистрирала првата вакцина против невидливиот непријател.