КОЈА Е ЕФИКАСНОСТА НА ТРЕТАТА ДОЗА НА „ФАЈЗЕР“ Десеткратно го намалува ризикот од инфекција, а смртноста за 90%
Примарната серија на вакцината против коронавирус на „Фајзер“/„БиоНТек“ треба да се состои од три дози, а не од два плус засилувачи - изјави во средата имунологот Угур Сахин, извршен директор на германската биотехнолошка компанија „БиоНТек“.
Во средата, „Фајзер“ и „БиоНТек“ објавија дека прелиминарните лабораториски студии покажуваат дека трета доза од нивната вакцина може да ја подобри заштитата од омикрон, најновиот вид на ковид-19.
– Не бев изненаден од податоците на „Фајзер“. Всушност, ова е она што цело време го очекувавме, дека ќе имаме добри и лоши вести. Лошо е што омикрон може до одреден степен да избегне стекнат имунитет и дека две дози може да не е бидат толку ефикасна. Но, навистина добрата вест е дека третата доза обезбедува значително подобра заштита – вели д-р Леана Вен од Универзитетот за јавно здравје Џорџ Вашингтон.
– Значи, тоа е повеќе причина за секој што ги исполнува условите да добие бустер доза што е можно поскоро. Исто така, се надевам дека нашите федерални здравствени службеници повторно ќе проценат што значи да се биде целосно вакциниран; со колку дози, особено поради ситуацијата со омикронот – додаде таа.
Имунитетот по вакцинацијата слабее со текот на времето
Фармацевтските компании кои произведуваат вакцини со месеци зборуваат за тоа дека имунитетот може да ослабне со текот на времето по вакцинацијата против ковид-19, поради што е потребна дополнителна доза, пишува Си-Ен-Ен.
Две студии објавени вчера во Израел покажаа дека дополнителната доза на „Фајзер“ ја намалува можноста за инфекција со коронавирус десет пати, а смртноста за дури 90%.
Ова е уште еден доказ дека бустер дозата не само што го враќа ослабениот имунитет, туку и ја подобрува заштитата од нови варијанти на коронавирус. Поради оваа причина, некои експерти веруваат дека дефиницијата за целосна вакцинација треба да вклучува три, а не две дози.
Примарната серија вакцини против коронавирус треба да се состои од три дози
– Примарната серија на вакцината против коронавирус на „Фајзер“/„БиоНТек“ треба да се состои од три дози, а не од два плус засилувачи – изјави во средата имунологот Угур Сахин, извршен директор на германската биотехнолошка компанија „БиоНТек“.
– Во светло на новите наоди кои доаѓаат за варијантата омикрон, многу е јасно дека нашата вакцина треба да биде онаа со три дози – додаде тој.
„Фајзер“ и „БиоНТек“ исто така работат на развој на вакцина специфична за варијантата омикрон и велат дека таа би можела да биде достапна до март.