Која е Ана Курникова – најубавата тенисерка која нема ништо освоено
Музичката ѕвезда Енрике Инглесијас и поранешната тенисерка Ана Курникова се во врска веќе две децении и својата приватност ја чуваат повеќе од било кој познат пар.
Тоа што нема освоено ниеден турнир, не ѝ застана на патот за да заработи милиони од тенисот. И покрај освоените втори места на изборите за најсекси светска спортистка, таа стана заштитно лице на бројни козметички куќи од кои исто така заработи убави пари.
Ана Курникова беше позната како „најубавата тенисерка која никогаш нема освоено турнир“. Секогаш беше втора, дури и во изборите на најсекси светска спортистка, каде редовно победуваше Ана Ивановиќ. Но, тоа не ѝ застана на патот на Курникова за од тенисот да заработи нешто повеќе од три и пол милиони долари, а од маркетинг 50 милиони. Во Америка таа стана заштитно лице на бројни козметички куќи и по некое време, веќе никој не ја запраша како поминала на турнирите.
Музичката ѕвезда Енрике Инглесијас и поранешната тенисерка Ана Курникова се во врска веќе две децении и својата приватност ја чуваат повеќе од било кој познат пар.
Тие им прават проблеми на светските медиуми со тоа што на своите друштвени мрежи ги објавуваат новостите со задоцнување и тоа што скоро никогаш не даваат интервјуа поврзани со нивните приватни животи, а вешто се кријат од камерите на папараците.
Од 2001 година, кога се запознаа на снимањето на спотот за неговата песна „Escape“, каде Ана ја глуми девојката во која тој е заљубен, подоцна навистина станува негова девојка. Светските медиуми во 2010 објавија дека овој пар тајно се венчал, а тоа никогаш не е ниту потврдено, ниту демантирано.
Поради тоа што тие со години живеат во тајност, така и изненадувачки и ненадејно станаа родители. Ана и Енрике добија близнаци, а оваа вест навистина ја збуни светската јавност, бидејќи никој не ни помислувал дека Ана е бремена. Веста дека во 2017 година, во болница во Мајами, таа ги родила нејзините две близначиња, беше изненадување за сите.

Како и Ана, така и Енрике пред нивната љубов имал бурен живот. Со него се поврзуваат глумицата Саманта Торес, американската ѕвезда Џенифер Лав Хјуит, славната латино заводничка Софија Вергара и аргентинскиот модел Јамила Дијаз. Се пишуваше и за негова поврзаност со Кристина Агилера, австриската фудбалерка Емом Кирни и други. Но, откако е со Ана, тој ѝ е навистина верен.
– Како и секој друг пар и ние сме имале искачувања и падови. Не било секогаш сè совршено. Но, на некој начин е совршено – изјавил Енрике Инглесијас, во едно од ретките интервјуа поврзани со нивната љубов.