КОЈ ЈА БИЛДА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА? Последниот просек на плата изнесува 29.130 денари
Ноемврискиот просек на плата е повисока за 5,6 отсто во однос на просекот во претходната година.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 29. 130 денари, а во однос на ноември 2020 година, е зголемена за 5,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „стручни, научни и технички дејности“ (14,4 отсто), „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ (11,5 отсто) и „информации и комуникации“ (11,3 отсто).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „дејности во врска со недвижен имот“ (3,9 отсто), „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ (3,5 отсто) и „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ (2,9 отсто).
Како што информира ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 43 509 денари