КОЈА БАКТЕРИЈА ОД ХРАНАТА ЗА ДОЕНЧИЊА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО СЕПСА? Најдобро средство за заштита на бебето е доењето
Контаминација на храната може да се појави за време на процесот на преработка или во домаќинствата. Бактеријата Cronobacter доспева на кујнските површини, во мијалниците и водата. Доењето е еден од начините на кои можеме да го заштитиме новороденчето од оваа бактерија.
Бактериите од храната за бебиња, билните чаеви и млекото во прав може да предизвикаат сепса и, во најтешките случаи, да доведат до смрт. Станува збор за Cronobacter sakazakii, патоген микроорганизам од храната кој може да предизвика фатални последици.
Основен извор на инфекција се детските формули во прав, во кои оваа бактерија има способност да преживее подолг временски период. Инфекциите со Cronobacter се ретки, но имаат многу опасни последици.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.