Клуни тврди дека овој филм за малку ќе му ја уништел кариерата

608

Тој сега е еден од најголемите холивудски sвезди, но Џорџ Клуни (59) тврди дека филмот „Бетмен и Робин“ од 1997 година речиси ќе му ја уништел неговата кариера затоа што луѓето одбивале да работат со него потоа. Холивуд почнал да го одбегнува по неуспехот на филмот за Бетмен.

Сега еден од најславните актери, исто така, вели дека на него се гледа несериозно во филмската индустрија затоа што со години глумел во драмската серија ,,Итна служба”.






Работите се смениле само по соработката со режисерот Стивен Содерберг во филмот „Out Of Sight“ од 1998 година.

– Стивен имаше неколку неуспеси, а мене ми требаше нешто успешно по Бетмен и Робин. Двајцата бевме некако притиснати кон ѕид. Во тоа време сè уште работев на „Итната служба“ и секогаш ми беше тешко да се префрлам од серија на филм – рече тој за „Сан“.

– После Бетмен и Робин, сфатив дека сум одговорен за филмот, не само за изведбата. И кога го најдов филмот „Out Of Sight“, го поканив Стивен да го режира. Стивен заврши пеколна работа режирајќи го тој филм и завршив прекрасна работа со него”. вели Клуни.

Џорџ вели дека бил благодарен за секоја работа што ја нашол. Тој израснал во Кентаки, со неговиот татко Ник, ТВ-презентер и неговата мајка Нина, поранешна кралица на убавина.

– Сечев тутун за три долари и 33 центи на час. Една работа знаев кога го напуштив Кентаки, а тоа беше дека не сакам да бидам машина за сечење тутун. Значи, сè што беше потоа, беше одлично за мене. Бев актер кој се бореше 15 години. Бев благодарен за секоја работа што ја добив – објасни тој и додаде дека покрај талентот, среќата е исто така многу важна.

Сега Џорџ е режисер, продуцент и сценарист. Добитник е на четири Златни глобуси, два Оскари и е награден со АФИ наградата за животно дело.

Тој беше прогласен и за најсекси маж на светот пред да се ожени со меѓународната адвокатка за човекови права Амал Аламудин во 2014 година. Тие добија близнаци Ела и Александар.

Двојката живее на адреси меѓу Лос Анџелес и нивната вила со 25 соби на езерото Комо во Италија, каде што се домаќини на пријатели вклучувајќи ги Дејви и Викторија Бекам, Џенифер Анистон, Синди Крафорд, Стела Мекартни и принцот Хари и Меган Маркл.

Поврзани содржини