КЛУНИ СЕ ПРИСЕТИЛ НА СТРАОТНАТА СООБРАЌАЈКА Јас умирав, а тиe стоеја и ме фотографираа
Додека тој лежел повреден, околу него се собрале луѓе кои почнале да го снимаат и фотографираат.
Актерот И режисер Џорџ Клуни во интервјуто за „Сандеј тајмс“ се осврнала на тешката несреќа што ја доживеал пред три години во која за малку ќе умрел.
Актерот бил хоспитализиран откако во него удрил автомобил на Сардинија на пат кон сетот за филмот што го снима. Клуни во тој момент возел мотор.
Тој се присетил на своите размислувања по несреќата, велејќи: „Само чекав да се изгаснат светлата. Сега сум добро“, изјави Клуни во интервју за „Сандеј тајмс“.
Но, се сетил и на бизарната ситуација од местото на несреќата. Имено, додека тој лежел повреден, околу него се собрале луѓе кои почнале да го снимаат и фотографираат.
„Ако сте јавна личност, она што го сфаќате додека лежите на земја и мислите дека ова се последните минути од вашиот живот, е дека за некои луѓе секогаш ќе бидете забавни за нивниот Фејсбук. Јас сум позитивен лик, но од тоа извлеков заклучок дека сум само забавен за нив. Сакав да го фатам секој од нив и да ги потресам“, рекол Клуни.
ФОТО: Твитер/Принтскрин