Планетарно популарната актерска sвезда, Џорџ Клуни, за новото издание на „В магазин“ откри што прави кога е дома со децата поради пандемијата на коронавирусот, пишува Си-ен-ен.
Клуни, во свој стил, шегувајќи се рекол дека за време на карантинот станал мајстор за разни занаети.
– Ќе ви кажам нешто за своите ново хобија. Пуштам две, три машини за перење алишта на ден, а садовите ги мијам по цели денови, бидејќи нашите деца се вистински мали прасиња – рече актерот со насмевка.
„А, децата треба и да ги капете одвреме-навреме… Дури и му ја исеков косата на синот, но тоа се испадна многу лошо. Сепак, неговата коса ќе порасне брзо. Мислам, јас и самиот себе се стрижам. Но, не сум се осмелил да ѝ ја исечам косата на ќерка ми, бидејќи би упаднал во гадни неволи. Имено, жена ми ми рече дека ќе ме убие ако ѝ ја допрам убавата долга коса на ќерка ми – рекол омилен холивудски актер кој со сопругата, адвокатката Амал, ги има тригодишните близнаци, Ела и Александар.
Тој исто така откри неколку совети поврзани со консумирање алкохолни пијалаци.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм