КЛУНИ ОДБИЛ 35 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ЕДЕН ДЕН РАБОТА Не му се исплатело!

Оскаровецот раскажал анегдота откако новинар го прашал во текот на интервјуто за „Гардијан“ дали некогаш мислел дека има доволно пари.

444

Актерот Џорџ Клуни изјавил дека еднаш му биле понудени 35 милиони долари за еден ден работа, но тој ја одбил понудата бидејќи заклучил дека не му се исплаќа.

Оскаровецот раскажал анегдота откако новинар го прашал во текот на интервјуто за „Гардијан“ дали некогаш мислел дека има доволно пари.






– Па да. Ми понудија 35 милиони долари за еднодневна работа за снимање на реклама за авиокомпанија – рекол тој и додал дека се консултирал со својата сопруга Амал и дека одлучиле дека не се исплаќа.

Авиокомпанијата се поврзувала со, како што рекол, „земја која, иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна“.

– Си помислив: „Па, ако ми одзема минута од мојот сон, не се исплаќа“ -рекол оскаровецот.

Покрај неговата повеќедецениска кариера во Холивуд, Клуни има и големо деловно портфолио, заработувајќи над 40 милиони долари за рекламна работа со една швајцарска компанија. Неговата компанија за текила „Касамигос“ беше продадена пред четири години за милијарда долари, објавил претходно „Инсајдер“.

 

 

Поврзани содржини