КЛУЧНО Е ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ЕСКАЛАЦИЈА Демант за Курти, ЕУ не се откажува од предлогот за Белград и Приштина
Вечерва Петер Стано, портпарол во дипломатската служба на ЕУ, ја демантираше изјавата на Курти.
Портпаролот за надворешни работи, Петер Стано, ги демантираше наводите дека Жозеп Борел се откажал од предлогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
Оваа информација во јавноста ја пласираше косовскиот премиер, Албин Курти, по средбите во Брисел.
Вечерва Петер Стано, портпарол во дипломатската служба на ЕУ, ја демантираше изјавата на Курти.
„Сите наводи дека ЕУ се откажува од предлогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кој е поддржан од Германија, Франција и САД, се невистинити. ЕУ и натаму целосно стои зад овој предлог и ги охрабрува страните да се договорат за текстот штом бидат подготвени да и докажат на меѓународната заедница дека се способни да одберат европски решенија“, напиша Стано во демантот испратен до новинарите.
Понатаму портпаролот во име на Борел додаде дека „она што е сега клучно” е да се избегне ескалација.
– Ова бара веднаш акција од двете страни – Косово да не пишува казни, а Србија да не издава КМ регистарски таблици. Не може да има никакви преговори ако е присутна заканата за насилство – додаде Стано.