КЛОВНОВИ, СУПЕРХЕРОИ, КАПЕТАН ВАКЦИНА Во Европа започнува вакцинацијата на деца

Вакцинирањето мора да им се претстави на децата како игра, како радосен момент во кој тие можат да се чувствуваат опуштено - рече Алесио Д'Амато, главен здравствен службеник во италијанскиот регион Лацио.

471

Наскоро во Европа ќе започне вакцинацијата на малите деца против коронавирусот. Европските земји најавуваат различни стратегии и нивниот успех ќе биде показател колку родителите се подготвени да ги вакцинираат своите деца.

Еден италијански регион испраќа кловнови и жонглери во клиниките, Франција и Германија имаат за цел да ги вакцинираат само најранливите деца, додека во Данска децата се вакцинираат дури и пред да пристигнат специјализираните шприцеви и шишиња.






Италија го воведува „Денот на вакцинација“, Белгија чека до јануари

– Вакцинирањето мора да им се претстави на децата како игра, како радосен момент во кој тие можат да се чувствуваат опуштено – рече Алесио Д’Амато, главен здравствен службеник во италијанскиот регион Лацио. 15 декември е прогласен за „Ден на вакцинација“ за децата во регионот.

Европската агенција за лекови (ЕМА) минатиот месец одобри употреба на помала доза на вакцината „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години, откако беше одобрена за стари лица во мај.

Датумот на започнување на вакцинацијата на децата варира, но повеќето земји со процедурата ќе започнат ден или два по пристигнувањето на првите пратки вакцини.

Малку е веројатно дека Белгија ќе започне со вакцинирање на помалите деца до почетокот на јануари, за да можат властите да подготват упатства.

Клучен чекор во справувањето со пандемијата?

Шпанија, која е една од највакцинираните земји во светот со повеќе од 90% од вакцинираните постари од 12 години, ќе започне со вакцинирање на помладите на 15 декември.

Вакцинацијата на децата и младите кои несвесно може да пренесат ковид-19 на ризичните групи се смета за еден од клучните чекори за борба против пандемијата. Во Германија и Холандија, децата сега го сочинуваат мнозинството од заразените.

Иницијативата за вакцинирање на децата се одвива паралелно со големиот бран на зарази во Европската унија, на кој отпаѓа повеќе од половина од активните случаи во светот и половина од смртните случаи.

Околу 27 милиони деца на возраст меѓу пет и 11 години во ЕУ се подобни за вакцинација.

Родителите се загрижени за вакцините

Најголем предизвик ќе биде да се придобијат родителите.

Според истражувањето на холандската телевизиска програма „Een Vandaag“, 42 отсто од родителите на деца на возраст од пет до 11 години изјавиле дека нема да ги вакцинираат своите деца, а 12 отсто рекле дека веројатно нема да ги вакцинираат. Само 30 отсто од холандските родители рекле дека сигурно ќе ги вакцинираат.

Истражувањето на италијанската компанија „Noto Sondaggi“ објавено на 5 декември покажа дека дури две третини од испитаниците ја поддржуваат вакцинацијата, но само 40 отсто од родителите би ги вакцинирале децата на возраст меѓу пет и 11 години.

Најголема причина за тоа е немањето податоци за влијанието на вакцините врз децата, третина од испитаниците сметаат дека децата се помалку подложни на инфекции, а девет отсто се загрижени за долгорочните ефекти.

Вакцинацијата во САД започна минатиот месец, но не даде најдобри резултати. Од 28 милиони деца подобни за вакцинација, само пет милиони примиле барем една доза.

ЦДЦ: Не се пријавени случаи на миокардитис кај деца

Некои родители се загрижени за пријавените случаи на миокардитис, редок несакан ефект на кој најмногу се подложни младите мажи.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека не е пријавил ниту еден случај на миокардитис кај деца на возраст меѓу пет и 11 години.

„Фајзер“, исто така, тврди дека немало сериозни несакани ефекти поврзани со вакцината за време на клиничките испитувања.

– Податоците покажуваат дека вакцината е безбедна и ефикасна, а резултатите се многу слични на оние кај постарите деца – рече д-р Луиџи Греко, педијатар и регионален менаџер за обука во Италијанското здружение на педијатри.

Сепак, некои влади сè уште чекаат повеќе податоци пред да почнат да ги вакцинираат помалите деца.

Франција ќе вакцинира само две групи

Во Франција вакцинацијата ќе биде достапна само за децата со прекумерна тежина и оние со сериозни здравствени проблеми.

Од германската советодавна комисија за вакцинација „СТИКО“ велат дека сѐ уште не можат да дадат општа препорака за вакцинација поради недостиг на достапни податоци.

Се препорачува децата на возраст од пет до 11 години да се вакцинираат доколку веќе имаат постоечки здравствен проблем.

Некои здравствени власти не чекаат пратки на специјализирана опрема, туку ги вакцинираат децата со третина од дозата на вакцина за возрасни.

Во Данска веќе се вакцинирани 49.000 деца

Првите 9.200 термини за вакцинација беа понудени во Виена минатиот месец и сите беа резервирани за неколку дена.

Данска го следеше австрискиот пример и на 28 ноември рече дека нема време за губење. По помалку од две недели, дури 49.000 деца на возраст од пет до 11 години ја примиле првата доза од вакцината, што сочинува околу 13 отсто од децата во таа возрасна група.

Во германската покраина Саксонија, една од најпогодените од новиот бран, вакцинирани се деца под 12-годишна возраст.

Минатата недела, Франц Кнопе тргна на патување долго 100 километри, од Кемниц до Лајпциг, најголемиот град во Саксонија, за да ги вакцинира своите две деца, на возраст од седум и 11 години.

– Многу сме задоволни што сега е можно да се вакцинираат деца под 12-годишна возраст – ​​изјави тој за Ројтерс во болницата во Лајпциг.

Матилда, која не сакаше да го открие презимето, дошла во болница со нејзината шестгодишна ќерка Ема.

– Важно е да се вакцинираат децата и да им се понуди безбедност, како што е случајот со возрасните – рече Матилда.

„Капетанот Вакцина“

Во исто време, регионалните власти во Италија смислуваат иновативни начини да ги забавуваат децата додека ја примаат вакцината.

Во Лигурија, властите смислија суперхерој, „Капетанот Вацина“, кој носи лекарска чанта и бел мантил со големо „V“ на градите. Тој е стрип-ѕвезда кој ќе биде дистрибуиран во центрите за вакцинација.

Поврзани содржини