🎥 КЛОП ГО НАПУШТА ЛИВЕРПУЛ По девет години – снема енергија
Ми снемува сила, ми снемува енергија...фактот што ја носам оваа одлука покажува дека сум убеден дека морам да ја донесам - рече Јирген Клоп во официјалното обраќање во кое потврди дека на крајот на сезоната заминува од Ливерпул.
Ливерпул официјално објави дека Јирген Клоп, еден од најуспешните тренери во историјата на клубот, на крајот од сезоната ќе се повлече од тренерската функција. Германецот на тој начин ќе помине вкупно нешто помалку од девет години на клупата на клубот од „Енфилд“ во кои освои сѐ што можеше.
Веста беше објавена на официјалната веб-страница на Ливерпул и сигурно ќе биде шокантна за навивачите на „Енфилд“ и покрај претходните гласини дека се ближи крајот на ерата на Клоп. Во виедо-обраќањето, Клоп сам ја образложи својата одлука.
– Можам да разберам дека тоа е шок за многу луѓе во моментот, кога ќе го слушнете за прв пат, но можам да го објаснам – или барем да се обидам да го објаснам. Сакам апсолутно сè во овој клуб, сакам сè во градот, сакам сè за нашите навивачи, го сакам тимот, го сакам персоналот. Сакам сѐ. Но, фактот што ја носам оваа одлука покажува дека сум убеден дека морам да ја донесам.
Како да кажам, ми снемува сила, ми снемува енергија. Сега немам проблеми, сепак очигледно, веќе подолго време знам дека тоа ќе морам да го објавам во еден момент, но сега сум добро. Сепак, знам дека не можам да ја работам работата повторно, и повторно, и повторно и повторно. По времето што го поминавме заедно и по сѐ што поминавме заедно, мојата почит кон вас расте, мојата љубов кон вас и најмалку што ви должам е вистината – ова е вистината – вели Јирген Клоп.
Клоп го презеде Ливерпул на крајот на 2015 година како клуб кој во претходните осум сезони само три пати заврши меѓу четирите најдобри англиски тимови. Од тогаш до сега освои сѐ. Откако го загуби финалето во Лигата на шампионите во 2018 година, следната година стана шампион на Европа, а во 2020 година на клубот му ја донесе првата шампионска титула по 30 години чекање.
Со Ливерпул освои по еден трофеј во сите натпреварувања во кои учествуваше освен во Лигата на Европа, во која покрај Лигата на шампионите и Премиер лигата беа вклучени и Светското клупско првенство, Суперкупот на УЕФА, ФА Купот, Лига купот.