Ријалити sвездата Клои Кардашијан на сосема необичен профил објави на својот инстаграм-профил дека нејзиниот поранешен партнер Тристан Томпсон ја запросил.
Имено, таа објави фотографија на која ги рекламираше новите чевли кои „паднаа во втор план“, со оглед на тоа дека на нејзините обожаватели им падна в очи големиот дијамантски прстен.
„Дали се свршија?“, напиша нејзиниот пријател Морган Стевар, а Клои ја потврдија среќната вест кратко потоа: „Да, тие го сторија тоа“.
Да потсетиме, иако Клои тврдеше дека никогаш нема да му прости на Тристан за неверството со најдобрата пријателка на нејзината сестра Кајли Џенер, Џордани Вудс, парот се смири пред неколку месеци.
Како што тврди близок извор на семејството Кардашијан, старлетата му простила на кошаркарот сè поради нивната ќерка Тру. Клои сакала Томпсон да оствари близок однос со нивната ќерка и да поминуваат повеќе време како семејство, за да може малото девојче да расте во здраво опкружување.
И додека тие го поминувале времето заедно, најмногу во текот на карантинот, љубовта меѓу двајцата повторно се „разгорела“. Без оглед на тоа што старлетата е свесна дека јавноста ја осудува затоа што смета дека не требало да му прости, таа тврди дека сака само да бидат семејство.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм