Клои Кардашијан не сака да ја видите оваа фотографија во бикини, прави сѐ за да ја отстрани ФОТО

2,422

Необработената фотографија од Клои Кардашијан (36) се појави во текот на викендот на Редит, а многу брзо исчезна од сите можни социјални мрежи.

Сепак, тоа не се случи пред многумина да направат „скриншот“ од фотографијата. Тимот кој работи за Клои се погрижи фотографијата брзо да се отстрани, бидејќи покажува како навистина изгледа нејзиното тело. А, изгледа одлично и сосема природно.






На спорната фотографија се гледа како Клои стои покрај базенот во бикини со леопард принт. Нејзината кожа не е совршено измазнета, се гледаат ситни неправилности на нејзиното тело, но во целина изгледа одлично.

Сепак, Клои се чини дека не прифаќа ништо помалку од недостижното, лажното совршенство.

Изгледа дека е фотографирана во пустинскиот комплекс на нејзината мајка Крис Џенер во Калифорнија, каде славното семејство престојуваше за велигденскиот викенд.

Додека повеќето жени веројатно би биле горди што изгледаат толку добро во бикини, Клои со сите сили сака да го зачува својот инстаграм-имиџ.

Линијата на половината, сепак, изгледа помалку дефинирана, облините се помалку драматични, а кожата не е толку мазна како на внимателно фотошопираните фотографии што таа вообичаено ги објавува. Затоа, фотографијата брзо исчезна од Редит, каде што беше првично објавена, но се прошири на Инстаграм и на Твитер.

Корисниците на Реди открија дека им се заканувале со тужби заради објавувањето на фотографијата.

ПР-тимот на семејството Кардашијан за „Пејџ сикс“ изјави дека фотографијата не е избришана затоа што не е обработена, туку затоа што станува збор за приватна фотографија објавена без дозвола. И покрај напорите на тимот да ја отстрани фотографијата што е можно побрзо, коментарите на Редит биле главно позитивни.

kloi-kardashijan-se-obiduva-da-izbrishe-fotka-od-nea-bez-fotoshop-bila-objavena-bez-nejzina-dozvola-02.jpg

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини