КЛИНТОН И ТРАМП ДИВЕЕЛЕ ВО АВИОНОТ НА ПЕДОФИЛОТ ЕПШТАЈН „Го познавам Џефри, одлично момче“
Трамп „бркал“ девојки заедно со Епштајн на мис Америка, принцот Ендрју заведувал 15-годишно девојче, а по летот на претседателот Клинтон, морале да го чистат авионот, објаснил пилотот Пол Висоски на судењето. Се верува дека на „Лолита експрес“ имало кревет во кој славните и богатите ги остварувале своите болни перверзии.
Поранешните претседатели на САД, Бил Клинтон и Доналд Трамп биле дел од луѓето кои се возеле со озглогласениот авион „Лолита експрес“ на педофилот Џефри Епштајн, со кој малолетни девојчиња биле превезувани директно до неговиот имот, пишува Нова. Информациите ги обелодени пилотот на авионот, Лорен Пол Висоски Џуниор, кој работел за Епштајн од 1991 до 2019 година.
Висоски е сведок на судењето на помошничката на Епштајн, Гислејн Максвел, која била „втора во хиерархијата“ и ги „набавувала“ и „тренирала“ девојките за Епштајн. Тој зборува за Трамп и Клинтон, но и за Кевин Спејси, принцот Ендрју и други познати личности кои „се возеле“ во авионот. Всушност, Епштајн имал многу пријатели од американската елита. На пример, познато е неговото пријателство со Вуди Ален.
Во авионот имало голем кревет каде гостите имале групен секс со девојките, исполнувајќи ги своите болни фантазии.
‘I certainly remember President #Trump‘: Lolita Express pilot says Donald Trump flew with Epstein on his private jet in bombshell testimony at Ghislaine Maxwell’s sex trafficking trial #welp
via https://t.co/X0voHbAlOZ https://t.co/24Hdz9klu3— joywit (@Joyjoywit) November 30, 2021
Трамп и Епштајн „дивееле“ на избор за мис Америка
Џил Харт, позната американска шминкерка и поранешна организаторка на изборот за Мис, тврди дека Трамп и Епштајн „заедно дивееле на изборот за Мис“. Харт, која го обвини Трамп за сексуална злоупотреба, обид за силување и за вознемирување во пет години во 1997 година, тврди дека и Трамп и Епштајн заведувале жени со своите пари.
– Тоа им беше игра да најдат девојка и да видат со кој од нив двајца таа ќе заврши. Тие беа во конкуренција еден со друг, и двајцата беа фраери – рече таа.
Харт вели дека мисли дека на Трамп не му било грижа што Епштајн брка девојки.
Го познавам Џеф, одлично момче
– Секако, се сеќавам на претседателот Доналд Трамп, но нема многу луѓе поврзани со него – рече Висоски.
Инаку, Трамп и Епштајн се познаваат уште од 1990-тите, кога и двајцата беа плејбојци од Њујорк и успешни претприемачи. Претходно беше објавено дека во 1997 година Трамп со авионот на Епштајн долетал до Њујорк од Палм Бич, каде што и двајцата имале куќи. Епштајн летал и со еден од приватните авиони на Трамп.
– Го познавам Џеф 15 години, одлично момче. Многу е забавно да се биде во негово друштво. Дури се шпекулира дека тој сака убави жени исто како и јас. Нема сомнеж, Џефри ужива во својот живот – изјави поранешниот американски претседател во едно интервју.
Клинтон се возел, после него морале да чистат
Кога станува збор за другите патници во озлогласениот авион, пилотот го спомнал името на поранешниот претседател Бил Клинтон, но и на холивудската ѕвезда Кевин Спејси.
Висоски рече дека од него „побарале да расчисти по летот на Клинтон“, но не објасни детално на што точно тоа се однесува. Сепак, тој рече дека никогаш не видел никаква сексуална активност во авионот.
Принцот Ендрју имал сексуална робинка во авион
Уште едно познато име од таа листа е британскиот принц Ендрју, кој со години се поврзува со оваа афера, со оглед на тоа дека бил пријател на милијардерот, но и дека некои жртви сведочеле дека имале интимна врска со него.
Една од нив е Вирџинија Робертс, која во 2015 година поднесе тужба против милијардерот, тврдејќи дека тој ја регрутирал како сексуална робинка кога имала 15 години. Таа рече дека ја малтретирал во неговиот авион и во неговите домови во Њујорк, Мексико, Флорида … Таа исто така тврди дека била измамена од принцот кога имала 17 години. Сето ова британскиот принц го негира.
Епштајн го продал авионот токму пред да биде уапсен
Извештај од 2019 година тврди дека судските поднесоци покажале дека Епштајн го продал авионот „Лолита Експрес“ неколку недели пред неговото апсење на 6 јули истата година.
Потсетуваме, милијардерот Џефри Епштајн се самоуби во затвор во 2019 година додека го чекаше почетокот на второто судење за злоупотреба на малолетнички. Неговата помошничка Гислејн Максвел беше уапсена 11 месеци откако Епштајн се самоуби и оттогаш таа е во затвор.