Легендата на седмата уметност, американскиот актер и режисер Клинт Иствуд се повлекува од филмскиот свет на 92-годишна возраст. Како што вели, „доцна е да остари достоинствено“.
Славниот „Валкан Хари“ ја информираше јавноста дека повеќе не треба да очекува дека ќе снима филмови.
На социјалната мрежа Твитер, Клинт Иствуд напиша дека е предоцна за него, односно дека е премногу стар за да остари грациозно.
„Верувам дека способноста за грациозно стареење е драгоцена вештина. Доцна е за мене“, напиша 92-годишниот актер со колаж од фотографии од различни периоди од неговата кариера која траеше повеќе од 60 години.
Од познатите достигнувања „За грст долари“ до „Девојката од милион долари“, Иствуд одигра толку многу улоги за паметење. И сите негови ликови на големото платно беа на највисоко ниво.
Клинт Иствуд е роден во 1930 година во Сан Франциско. Неговото семејство често се преселуваше во градовите на Западниот брег на САД поради работните места што ги имаше неговиот татко.
Иствуд тинејџерските години ги поминал во Оукланд, каде што дипломирал во 1949 година и завршил средно техничко училиште. Работел на бензинска пумпа заедно со неговиот татко, а бил и дрвосечач, спасител на плажа, пожарникар во челичарница, чистач на базени итн.
На почетокот на 50-тите години, почнува да се интересира за глумата. Светската слава ја стекна најмногу благодарение на учеството во вестерн филмовите. Имаше успех и како режисер, продуцент и композитор.
Добитник е на бројни награди, вклучувајќи два Оскари за режија и два за најдобро достигнување, Златни глобуси, Цезари, ДГА (Награди на американското здружение на режисери).
Иствуд има „најмалку седум“ деца. Со неговата прва сопруга Меги Џонсон, тој има две деца – Кајл и Алисон.
Тој ги има и синот Скот и ќерката Кетрин од врската со Џеклин Риверс, ќерката Франческа со актерката Франсис Фишер и ќерката Морган со Дин Руиз.
Time flies pic.twitter.com/Ai26Yc0zla
— Clint Eastwood (@ClintEastwo_) July 18, 2021