КЛИНИКАТА „ЖАН МИТРЕВ“ НЕ СЕ ПРОДАДЕ Пропаднаа преговорите со Балкан Алајанс
Останува старата сопственичка структура на Клиниката „Жан Митрев“, откако преговорите за стратешки партнер не завршија со договор – соопшти раководството на Клиниката.
Клиниката „Жан Митрев“ останува со старата сопственичка структура. Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare не завршија со конечен договор – соопшти самата Клиника.
„Остануваме посветени на нашата работа во Клиниката „Жан Митрев“ и развивањето на стандардите во приватното здравството. Нашиот приоритет остануваат нашите пациенти и вложувањата во овој домен нема да се намалат. По 23 години успешно опстојување ја продолжуваме мисијата за воведување повисоки стандарди во здравствените услуги во земјава.
И покрај тешкотиите што ги имаме поради блокираната сметка продолжуваме и понатаму да вложуваме и да се развиваме. Во моментов менаџментот на Клиниката не води преговори со други заинтересирани компании“ – се вели во соопштението од Клиниката „Жан Митрев“.
Веста за продажбата на Клиниката „Жан Митрев“ отвори серија прашања во јавноста за профилот и минатото на вистинските сопственици на потенцијалниот купец на клиниката.
ХОЛАНЃАНИ, ВО АЛБАНИЈА РАЃАНИ!? Кои се можните нови сопственици на „Жан Митрев“