КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР СЕ ГУШИ ВО ДОЛГОВИ ЗА СТРУЈА Ако државата не помогне, може да остане во мрак
Освен Клиниките и Македонски железници - Транспорт, има и други институции како затвори, судови, факултети, библиотеки и други, кои не можат да си ги платат сметките за струја кон ЕВН.
Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и МЖ Транспорт би можеле да останат без струја. Поради милионски долгови кон ЕВН, компанијата им испратила предупредување дека може да останат во мрак, објави Сител.
– Клинички центар и МЖ Транспорт ги исполнуваат условите за исклучување како крајна мерка, по претходно искористување на сите правни законски можности. Даден им е рок за доставување на банкарска гаранција. Истекува за две недели, а веднаш после тоа може да бидат исклучени – велат од ЕВН.
Клинички должи околу 7, а МЖ Транспорт 6 милиони евра. Но, во фактурата на столбот на македонското здравство има долгови кои ги направила и ГОБ „8 Септември“. Сепак, премиерот Ковачевски во изјава за Сител уверува дека КЦ „Мајка Тереза“ нема да остане без струја. Тој вели дека во тек е комуникација со клиниките за да се најде решение.
Освен Клиниките и Македонски железници – Транспорт, има и други институции како затвори, судови, факултети, библиотеки и други, кои не можат да си ги платат сметките за струја кон ЕВН.