📽️ „КЛИМА УРЕДОТ ЕКСПЛОДИРАШЕ, ПОЖАРОТ ГО ЗАФАТИ ЦЕЛИОТ МОЛ“ Најмалку 60 лица изгореа во трговски центар во Ирак

Нè снајде катастрофа. Отидовме во трговскиот центар за да јадеме, да вечераме и да избегаме од прекините на струјата дома. Клима уред експлодираше на вториот кат, а потоа избувна пожарот и не можевме да избегаме, вели 50-годишен доктор за трагедијата во трговскиот центар во Кут.

861

Најмалку 50 лица се мртви во пожар кој во раните утрински часови го зафатил петкатниот трговски центар „Hyper Mall“ во Кут во Ирак, јави Би-Би-Си. Снимките на социјалните мрежи покажуваат пламени јазици кои ги опфатиле неколку катови на објектот.

– Бројот на жртви достигна околу 50 лица, има и и повредени во оваа трагична неизвесна катастрофа – истакна регионалниот гувернер на Кут, Мохамед ал‑Мијахи за државната агенција ИНА.

 






Трговскиот центар „Hyper Mall“ бил отворен пред само пет дена. Во раните утрински часови, амбулантите сè уште пренесувале повредени и мртви лица во болниците во Кут, кој се наоѓа 160 км југоисточно од Багдад.

– Сè уште пребаруваме исчезнати и носиме тела што не се идентификувани – изјавил претставник на здравствените власти од градот.

Насир ал-Кураиши, доктор на околу 50-тина години, за АФП изјави дека во пожарот изгубил пет члена на семејството.

– Нè снајде катастрофа. Отидовме во трговскиот центар за да јадеме, да вечераме и да избегаме од прекините на струјата дома. Клима уред експлодираше на вториот кат, а потоа избувна пожарот и не можевме да избегаме.

Гувернерот ал-Мијахи објави тридневно жалост во провинцијата и најави пријави против сопственикот на трговскиот центар:

– Поднесовме тужби против сопственикот на зградата и на мол‑центарот – појасни гувернерот.

Прелиминарните наоди од истрагата се очекуваат за 48 часа.

 

Поврзани содржини